ДПТМ: Неприфатливи активностите кои задираат во унитарниот карактер на државата

Демократската Партија на Турците во Македонија со голема загриженост ги следи активностите за креирање на законски решенија кои длабоко задираат во унитарниот карактер државата, заговараат бинационални решенија со што разградуваат граѓанскиот карактер на државата кон кој се стремиме, стои во соопштението на Демократската Партија на Турците.

„Имајќи ја предвид дикцијата на преамбулата на Уставот на Р. Македонија во која припадниците на немнозинските заедници се дефинирани како делов на Албанскиот, Турскиот, Ромскиот, Српскиот, Бошнјачкиот и Влашкиот народ во Р. Македонија давање на ексклузвни права на една етничка заедница ја нарушува со Устав загарантираната еднаквост на граѓаните и помалкубројнте еднички заедници ги става во подредена положба. Од тука сосема се разбирливи реакциите на припадниците на турската заедница кои ваквите решенија ги сметаат како вешта полтичка манипулација која може да предизвика дополнителни тензии и конфликтност со далекузесни последици по стабилноста на Р. Македонија и регионот во целина. За ДПТМ ваквите решенија се неприфатливи, далеку од толку прокламираниот граѓански коцепт на државата, спротивен на Уставот и духот на Рамковниот договор од Охрид. ДПТМ и понатаму ќе се залага за силна, стабилна, просперитетна и унитарна Р.Македонија во која подеднакво ќе се чувствуваат сите нејзини граѓани независно од нивната национална, верска или било која припадност“, стои во соопштението.