Дурловски ги демантираше медиумските спинови дека истапил од „За заедничка Македонија“

Познатиот македонски музички уметник Игор Дурловски со личното појаввање во четвртокот на протесниот марш на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија ги демантираше шпекулациите на медиумите блиски на СДСМ изминатите денови дека тој наводно се повлекол и оти веќе нема да протестира.

Како што порача Богдан Илиевски, Дурловски побарал малку повеќе време за себе, за како што вели, од Македонската опера и балет да направи уште поуспешна институција од она што е. „Тоа значи дека нема да го ’тормозиме’ секој ден со нашите идеи и оперативни планови, ама Игор е тука!“, истакна Илиевски.

Како што рече, на огромно разочарување на шверцерите, на окупаторите, и денеска не сме 150 души на улица.

„Се плашат од народот, својата ноќ не ја црпат од нардото. Но како што сме кажале и досега, тоа е само нивен проблем. Не е наш проблем што ја сакаме оваа држава. Сакаат да не разделат, сакаат да не разнебитат, се закануваат. Влечкаат и невини луѓе по испрашувања, по полиции и по судови“, потенцираше Илиевски.

Според него, нивните „медиумски фабрики“ се обидуваат да искористат „сé што можат или да измислат сé што не можат“ да искористат за да внесат раздор.