Џејмс смета дека Кари чини 400 милиони долари

Стефен Кари (л) и Леброн Џејмс (д)

Ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, откако американските медиум објавија дека Голден Стејт Вориорс за новиот петгодишен договор на Стефен Кари ми платиле рекордни 201 милион американски долари, на Twitter објави дека според него Кари чини дури 400 милиони долари.

Стефен Кари со новиот договор стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој потпишал договор поголем од 200 милиони долари, што значи дека годишно ќе заработува 34,7 милиони долари.

Леброн Џејмс, кој по сезона добива 33,3 милиони долари, смета дека 29-годишниот Кари, кој со Голден Стејт Вориорс последните три сезони освои две титули и двапати беше прогласуван за најкорисен играч во првенството, во 2015 и 2016 година, чини 400 милиони долари.

„Стеф би требало да петгодишен договор да добие 400 милиони“, напиша Џејмс кој меѓу првите му честиташе на Кари за рекордниот договор.

Џејмс притоа го постави прашањето зошто постојат ограничувања за платите на играчите, кога Џо Лејкоб во 2010 година го купи Голден Стејт Вориорс за 450 милиони долари,а денес според процените на списанието Forbes, овој клуб чини 2,6 милијарди долари.