Економија

Истерана компанија со 1.500 вработувања, наместо во Македонија ќе вложи во Србија

Истерана компанија со 1.500 вработувања, наместо во Македонија ќе вложи во Србија

Компанија која планирала да инвестира во Македонија и да вработи над 1.500 лица, ја променила својата одлука обесхрабрена од одлуките на Владата на СДСМ, и инвестицијата ја пренасочува кон соседна Србија.

Задоволна од инвестициската клима и од соработката со претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оваа компанија имала донесено одлука да го вложи својот капитал во Македонија, пишува порталот Курир.мк

Меѓутоа, поради игнорантскиот однос на новата Влада на Зоран Заев и фактот што ниту еднаш не биле контактирани во последниве три месеца, ја промениле својата интерна одлука. Инвестицијата ќе ја реализираат во соседна Србија и наместо македонски, ќе си вработат 1.500 српски граѓани.

За разлика од македонската, српската влада остварила контакти со нив и се потрудила да ја привлече компанијата. Се очекува овој месец да бидат официјализирани деталите.

Над 1.500 македонски граѓани можеа да добијат вработување, а нивните семејства егзистенција. Оваа инвестиција, освен во намалување на невработеноста, ќе имаше улога и во економскиот раст. Сево ова ќе стане придобивка за Србија, бидејќи македонскиот премиер Заев планира зголемување на даноци и кампови за мигранти, наместо да води грижа за граѓаните.

Компанијата која практично беше избркана од Зоран Заев е мултинационален бренд од автомобилската индустрија.

 

Три големи компании веќе одлучија да ја напуштат Македонија

Три големи мултинационални компаниии веќе најавија напуштање на државата, незаводоволни од третманот на Владата и селење на својот капитал во држави од овој регион.

Три месециа траеше периодот кој беше доволен големи странски корпорации незадоволни поради пасивноста и климата на непријателство која ја водеше Владата да ја напуштат државата и да го преселат капиталот.

Имено, од наши извори дознаваме дека корпорацииите ова прашање го издигнале на највисоко ниво меѓу бордот на директори во своите компании. Главна забелешка била тоа што Владата не само што прекинала комуникација на секое можно ниво, туку и со најавата за декласифицирање на државната помош која ја добиваат, најавите за повисоки даноци, запоставувањето на странскиот капитал и немањето на волја да се излезе во пресрет на основни барања на странските инвеститори кои во моментот вработуваат околу 2 илјади луѓе, боrдовите на директори на овие компании се пред одлука за напуштање на државата и селење на капиталот.

Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третатата компанија е од технолошката индустрија и е со Европски капитал. Тие се дисперзирани во Скопје и во градови во внатрешноста.

Две илјади луѓе е многу веројатно да останат без работа.

„Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот“, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели: „Еве, на пример, мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење“.

Покрај тоа што овие три компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање.

 

Заев им скрати вработување на минимум 3.500 граѓани

Компанијата која одлучи наместо во Македонија да инвестира во Србија ќе вработеше 1500 лица. Трите компании веќе имаат вработено 2.000 кои со нивното напуштање на земјава ќе останат на улица. Игнорантскиот однос на Зоран Заев ќе остави минимум 3.500 лица без работа! Според најавите, оваа бројка наскоро ќе стане многу поголема и неколку илјади семејства ќе останат без егзистенција, бидејќи на премиерот не води сметка за можностите што ги нудат странските инвестиции а што директно ќе се одрази на граѓаните.