Ексклузивно: Белата куќа и Советот за национална безбедност не знаеле дека Бејли планира да го признае Талат Џафери

Ниту Белата куќа ниту Советот за национална безбедност претходно биле информирани дека амбасадорот во Македонија Џес Бејли планира да го признае „новиот претседател на Собранието за време на хаотичната сесија проследена со протести“ во четвртокот попладнето, објави Балкананалајзис.ком.

Доаѓањето во Македонија на заменик-помошникот државен секретар од времето на Обама, Хојт Ји, кој пристигна да ја поткрепи одлуката на Бејли и со официјален благослов на САД да го го прогласи за претседател на Собранието, отвора многу сериозна загриженост кој – ако воопшто некој – ја води американската надворешна политика во време кога Балканот е подготвен да експлодира од зголемен национализам поттикнат од силно политичко мешање на странскиот фактор. Тоа, исто така отвора сериозни прашања за штета што ѝ ја нанесе Бејли на американската дипломатија во земјата од кризата која започна во почетокот на 2015 година.

Амбасадата работи нечесно?

Белата куќа под администрацијата на Трамп е изненадена од одлуката на Амбасадата на САД и моќниот Национален совет за безбедност не е среќен ни од резултатот, потврдија високи американски претставници, пренесува Република.

Други високи извори од Европа и од САД обезбедија важни информации што укажуваат на голема веројатност дека Бејли, најнепопуларниот Американец кој некогаш стапнал во Македонија, работи нечесно заедно со многу мал број на функционери од ерата на Обама и УСАИД.

До денес, Амбасадата на САД нема дадено задоволителен одговор на нашите прашања во врска со тоа кој ја овластил одлуката на Бејли – или кој е одговорен за претстојната посета на заменик помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји. Персоналот за комуникации од амбасадата не одговори на овие официјални писмени прашања. Во отсуство на таква реакција, се надеваме дека ќе бидеме во можност да го поставиме ова прашање директно на Ји за време на неговата посета на Скопје во понеделник.