Екстерно немало само во Дебар

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно акцискиот план и дефинираната динамика, вкупно 7.797 ученици во 92 средни училишта во 35 општини во земјата, денес беа дел од процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средното образование, кој започна на 26.1.2015 и ќе се реализира заклучно со 30.1.2015 година.

Процесот е целосно и успешно заокружен во училиштата во Берово, Битола, Валандово, Богданци, Велес, Виница, Врапчиште, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Липково, Маврово – Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Скопје, Струга, Струмица, Центар Жупа и Штип.

Процесот не е реализиран во општина Дебар, додека во општините Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, каде реализацијата е делумна, ќе бидат утврдени дополнителни термини за тестирање на дел од учениците.

Резултатите од тестирањата ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.