Македонија

СДСМ турка федерализација за да и’ се додвори на ДУИ

СДСМ турка федерализација за да и’ се додвори на ДУИ

Антидржавното однесување на СДСМ, очекувано добива прогресивна форма, откако деновиве на големо се „разгледува“ прашењето за федерализација на Македонија и наводните нејзини „придобивки“ од тоа.

Која е целта на координираните изјави на опозицијата и нејзините поддржувачи за потребата од нови уставни измени и поделба на државата, веројатно им е позната само ним. Но, факт е дека јавноста бурно реагира и уште повеќе се продлабочува наметната политичка криза, на која со потпишувањето на договорот од Пржино, требаше да и’ се стави крај.

Откако ги дискредитира како личности и како политичари, а и ги понижи, Заев како да мора да ја смени политиката и да им се додворува на политичарите од Албанскиот блок. Свесен за моментниот слаб рејтинг на неговата партија и за убедливото водство на ВМРО – ДПМНЕ, лидерот на СДСМ можеби токму преку додворувањето кон Албанците ја увидел можноста за конечно доаѓање на власт.

По објавувањето на информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор и официјализирање на албанскиот јазик на цела територија како и поништување на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други, станува јасно во која насока беа дадени изјавите на Заев за нов Рамковен договор и негово рекомпонирање, на Фрчковски за Албанец премиер и на Геровски за федерализација на државата.

Пандов: Повикот за федерализација е…