Граѓаните преку извршители ќе ги плаќаат долговите за радиодифузија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Панчо Минов се обрати денеска од собраниската говорница, тој кажа дека поттикнат од аплаузот по донесувањето на Законот за стечајците, направи една компарација.

-Ако ние прво на комисиите, а сега и кога следува во понатамошниот дневен ред го усвоивме предлогот на пратениците Панчо Минов, Невена Стаменковска, Илија Димовски за законот за измена и дополнување на Законот за извршување, верувајте не меѓу вас аплаузи, туку кога ќе излегуваме на улиците и во Скопје и од таму од кај што сме дојдени, ќе имаме аплауз по улиците за тој закон. Затоа што тоа тангира и е интерес, а во исто време решавање на голем број проблеми на луѓето. За жал тоа се одложи, но за среќа има координација да се овозможи лек специјалис  само во делот на законската казнена камата, која што е еден позитивен сегмент за решевањато во делот на извршувањето и растеретувањето на лугето кои што без своја вина, 10-15 или не знам колку години ради системска неефикасност на органите на државната власт во голем број се оптеретени со извршување на превисоки суми, изјави Минов.

Минов се осврна и за промените во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, за него кажа дека е од типот да живеат изборите, да живеат изборните ветувања.

-Во контекст за Законот за минимална плата и по реакциите на вчерашната дискусија, од неколку мои сограѓани дека е погодена работата на претпазливост и упатување до предлагачите, да се внимава. Бидејќи навистина во голем број на стопански субјекти, во составот на платата фигурира и надоместокот за исхрана, и дека тоа е една голема бојазност да се спроведува овој закон недоследно, не од нитереси за граѓаните со ниски примања, на кои е наменет овој закон, изјави Минов.

Минов се осврна и на Законот за укинување на радиодифузната такса, тој кажа дека е во ред да се скрати 190 денари месечно за граѓаните, но порача дека сите тие граѓани и правни субјекти тоа ќе го плаќаат преку собирање на приходи од други основи.

-Најважната работа која треба да се решава тука, е во однос на решавање на проблемите во однос на извршетелите, изјави Минов.

Тој кажа дека предлагачите на Законот за радиодифузија не го прифатиле неговиот предлог со Законот за извршители да се опростат и поранешните долгови по однос на поранешните задолжувања

-Тие долгови не се мали и јас сум свесен дека секој што имал обврска да плати нешто, а не го платил, ради рамноправност на сите граѓани, значи треба таа обврска како должност на долг да си ја исполнат. Но, во овој случај што имаме, а за жал не беше прифатено од пратениците предлагачи на матичната комисија и затоа сега не е како амандам присутенм за да внесе интегрално и во овој закон. Се работи за една состојба во која што имаме, потенцирам укинување на надлежностите на УЈП да донесува решение за задолжување со радиодифузна такса, укинувањето на радиодифузната такса и во таков еден случај имаме огромен број на предмети кои веќе се процесирани да се реализираат како ненаплатени долгови, изјави Минов.

Тој кажа дека доклку е укината надлежноста на УЈП, треба да бидат укинати и нивните решенија за насилно наплатување  од нивна страна.

-Јас оставам до предлагачите, а верувам и до Владата, надлежното министерство, да овој проблем го опсервира и го испита. Ова ќе биде реален проблем на последица на неуредување на ова прашање во овој закон. Нема да губи МРТ, затоа долгот не се опростува, туку да не биде во присилна извршна постапка, изјави Минов.

Тој напомена дека овој предлог ќе биде од директна корист за граѓаните. Тој напомена дека доколку биде ова прифатено, тој како пратеник и целата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати овој закон.