Груевски: СЈО без никави докази ќе штанцаат обвиненија против луѓе од партијата

мандатот

СЈО со сила, без никави докази ќе штанцаат обвиненија против над 120 луѓе од партијата. Повторувам без никакви докази. Но, се надеваат дека ќе ги притиснат судиите за да судат некого без доказ дека прекршил закон. Одат на тоа да ако не принудат секој втор ден некој однас да е во суд, и тоа медиумите на долго и широко да го пренесуваат, да создадат негативна слика за нас, а ако притиснат и некој судија да осуди некој без доказ, уште подобро, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето вечерашно обраќање.

-И додека се ова се готви, немаме ниту реформи, ни просечна плата од 30 илјади денари, ни повисоки субвенции, ни 100 илјади денари плати за лекарите, ни 500 километри автопатишта, ни нови работни места, ни покана за НАТО и преговори со ЕУ, ни повисоки пензии, ниту нешто да им понудат на младите. Во нивните настапи има многу неискреност. Многу лицемерие,  додворување без искреност и прикажување лажна слика. Тоа народот ќе го препознае. Ги нема ни како што тие кажуваа 600те илјади иселени од Макеоднија да се вратат. Се „пењават“ без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се заврши се. За новим ќе почекаме Самка, Рамиз Мерко и Шапуриќ ќе донеле. Ние освен што донесовме преку 100  компании кои веќе инвестираа низ Македонија, други  триесетина компании ги донесовме во финиш на потпишување договор, но со Рамиз Мерко, Самка  и Шапуриќ, незнам дали некои од нив нема да ја сменат одлуката, рече Груевски.