Илиевски: Покажавме дека нашето присуство на улиците е значајно

-Тенденцијата е Македонија да престане да постои како државата што ја знаеме сега, да ја изгуби во потполност нејзината суштина. Во овие пет недели на неколку пати покажаме дека нашето присуство на улиците е значајно и важно. Што значи тоа? Тоа значи дека во првата недела од нашето излегување, претседателот на Република Македонија не додели мандат на политичари коишто не се откажале од тиранската платформа, не се формираше Влада кога имаа испланирано да состават Влада – 24 март, минатата недела не се избра претседател на Собранието, којшто нема да се откаже и да ја осуди Тиранската платформа и сето тоа е благодарение на ангажманите на граѓаните и со масовното присуство коешто никој не може и не смее да ги игнорира, истакна Илиевски.

Заклучи дека е срамно меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да врши притисок врз Ѓорге Иванов кому да му го додели мандатот, а да не каже ниту збор за Тиранската платформа.