Димовски: СДСМ се однесува крајно игнорантски во донесување на стратешки одлуки за државата

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на која што заедно со пратеникот Панчо Минов поднесоа измени на Законот за ивршување најави дека во иднина како и досега ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе делуваат активно во Собранието преку закони кои што значат подобрување на животот на граѓаните.

„Сакам повторно денеска да најавам дека ние денеска во процедура ќе пуштиме уште еден закон кој што не е никако поврзан со интересите или потребите на политичките партии, туку е директно насочен кон интереси или потреби на една поголема категорија на граѓани во Република Македонија. За што ќе ви објасни господинот Панчо Минов. Јас само сакам да кажам дека ние навистина имаме намера да бидеме активни и ова е веќе шести закон за само триесетина дена поднесен од пратениците на Коалицијата ‘За подобра Македонија’ и имаме намера така да продолжиме во следниот период’, рече Димовски.

Нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за триесетина дена имаат поднесено веќе шест закони. Тој напомена дека поради немањето на желба од страна на СДСМ за соработка и заедничко спроведување на реформи во Македонија како одговор на нивниот игнорантски однос, ВМРО-ДПМНЕ се организираше во десет пратенички групи со цел да се оневозможи носењето на штетни одлуки од страна на СДСМ.

Димовски, исто така додаде дека дестте пратенички групи се резултат на одбивањето на Владата и владеачкото мнозинство во Собранието да ја вклучи најголемата партија според пратеници, во информативните разговори за темите кои што значат придвижување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.