Исмајлоска Старова: ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше мултикултурализмот и еднаквоста меѓу различните етнички заедници

ВМРО-ДПМНЕ aктивно работеше и работи на промовирањето на мултикултурализмот и еднаквоста меѓу различните националности, истакна во понеделникот на панел дискусијата во организација на оваа пратија на темата „Единствени во почитувањето на мултикултурализмот и заедништвото”, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на коалицијата за „За Подобра Македонија”, Нола Исмајловска Старова

„Сакам да посочам дека кога зборуваше Нермин, не спомна дека е првата Турчинка член на Извршниот комитет, јас не сум првата муслиманка по религија која е член на Извршниот комитет, претходно беше господинот Ашим Зекировски, но сум првата жена. Сакам тука да ја насочам дискусијата затоа што сметам дека преку тоа се разбива еден мит за жената муслиманка во нашето општество, којшто сѐ уште навистина е сензитивна тема. Еминципацијата и напредокот треба да бидат важни во градење на такви примери, дека може да се има успех и во семејството и во кариерата и во идеалите. Тоа за што се бориме е тоа што и ВМРО-ДПМНЕ го покажа во минатото е дека активно работеше на промовирањето на мултикултурализмот и еднаквоста меѓу различните националностите“, рече Исмајловска Старова.

„Се сеќавам дека пред околу 14 годиникога ја добив членската книшка од ВМРО-ДПМНЕ, многу луѓе гледаа со скепса на тоа дека муслиманка може да биде член на ВМРО-ДПМНЕ, но она што како партија го направивме е дека тоа веќе е нормална работа и тоа покажува дека нашата партија се отвори кои ги делат нејзините размислувања“, посочи Исмајловска Старова.

Рече дека како пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ секоја година со колегите посетувале преку 500-ина села, каде што во разговор со луѓето ги нотирале нивните проблеми и секогаш се обидувале да помогнат, што го покажале и резултатите од претходните парламентарни избори и тоа дека добивме најмногу гласови.

„Оваа ни дава дополнителна инспирација да одиме повторно на терен да ги слушнеме луѓето да бидеме со нив како што секогаш сме биле, за нашата понуда да станува се подобра и подобра и да бидеме коректив за оние кои се сега на власт“, посочи Исмајлоска.

Рече дека визната либерализација што владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја добие е добра за сите граѓани на Република Македонија, затоа што можат што послободно да патуваат насекаде во светот.

„Морам да ги споменам проектите од инфраструктурата,создавањето нови работни места што е императив на нашата партија и мислам дека тоа треба да биде инспирација на сите политички чинители во општествениот живот во Република Македонија. Вчера беше еден од најголемите муслимански празници Рамазан Бајрам и токму во тој дух во кој што си посакуваме убави нешта, да пробаме да го надградиме мултикултурализмот и верската толеранција. Емоциите на заемно почитување на различностите е нешто што треба да го негуваме секојдневно“, рече Исмајлоска Старова.