Јанушев: Бесплатниот превоз веќе започна да се применува во автобусите на ЈСП Скопје

јанушев

Директорот на ЈСП вели дека мерката ќе биде исплатлива само ако се разбуди свеста кај граѓаните да ги остават своите автомобили дома и да го користат бесплатниот јавен превоз.

Во однос на прашањето дали мерката е исплатлива, доколку го земеме моментот дека ќе ги превезуваме сите патници бесплатно, секако дека не е. Меѓутоа доколку се земе фактот дека Градот Скопје ќе ги надомести овие трошоци кон Јавното сообраќајно претпријатие, тогаш сметам дека не би требало да имаме никакви проблеми во однос на финансиите и финансиското работење на компанијата, кажа Јанушев во „Аргументи“ на ТВ Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.