Јолевски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

јолевски

Како што соопштија од МО, министерот Јолевски од понеделник ќe престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.           

Во рамките на работната посета на САД, министерот ќе оствари бројни билатерални средби со претставници на администрацијата на САД, конгресмени, сенатори, меѓу кои и Тед Круз и други претставници на Конгресот, како и претставници на влијателни тинк-тенк заедници во Вашингтон.

Министерот Јолевски ќе учествува и на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.