Каракамишева-Јовановска: СЈО е дел од агендата за класична елиминација на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО е дел од агендата за класична елиминација на ВМРО-ДПМНЕ. Следува период на испорака на фактурата на СДСМ, а крајна цел е создавање почва  за промена на името, вели во интервју за Алфа Телевизија, универзитескиот професор Тања Каракамишева-Јовановска.

„За жал, во работењето на Специјалното јавно обвинителство нема многу право, а доминира политички аспект. Играат со политички карти- чекаа да изминат 18 месеци за да на крај наводно политички ги испукаат сите обвиненија кои беа поднесени и строго таргетирани кон раководните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, што кажува дека не се работи за професионален, стручен, непристрасен и независен правен орган, туку дека се работи за политички инструмент на СДС и Зоран Заев и на меѓународната заедница“, рече Каракамишева- Јовановска.

„Целта на СЈО е елиминација на раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ, но и уништување на единствената политичка партија која се грижи да ги заштити македонските национални и државни интереси“, додаде професорката.

Цело интервју со проф. Тања Каракамишева Јовановска;