Каракамишева: Во унитарна држава како Македонија има само еден службен јазик

каракамишева

Каракамишева појасни дека нема ниту една држава во светот којашто има унитарен републикански карактер, а каде што два службени јазика се во употреба, односно каде што има два официјални јазика на цела територија на државата.

Не постои таков пример – зошто? Затоа што јазикот е еден елемент којшто е дел од државотворниот карактер на државата, односно од идентитетот, но и од клучните столбови врз кои се заснова една држава, рече Каракамишева.