Керим: Процесите да се вратат во институциите, сите да бидат внимателни вклучително и странските дипломати

-Мислам дека треба да се вратиме на она што е клучно, а тоа е 11 декември. Се случија избори и избори на кои излегоа 67 проценти од граѓаните на Република Македонија со гласачко право. Тој факт само по себе нешто кажува, дека граѓаните се заинтересирани да се излезе од повеќегодишната сериозна политичка криза. Тоа е факт кој е неоспорен и многу важен како смерница за сите актери во оваа земја, вклучувајќи го тука и меѓународниот фактор. Тензијата се зголеми заради тоа што на разни начини се оспоруваше фактот кој го соопшти Државната изборна комисија, дека ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори. Дури сега слушаме личности кои имаат влијание и авторитет во оваа земја, дека бројките не биле важни за легитимноста, туку други бројки и фактори. Јас би сакал со такви луѓе јавно да полемизирам бидејќи ако вака ги поставуваме работите отвораме пат кон продлабочување на политичката криза и една хаотична анархична состојба. Сите да се вразумат и да ги прифаќаат фактите, вели Керим за Сител.

Тој вели дека Македонија е земја која 25 години гради одлични дипломатски односи со сите земји, како и дека земјата на сите меѓународни претставници им ги овозможила сите права за следење на изборите. Керим додава дека нивна задача е да ги следат случувањата, но не и да се мешаат во внатрешните прашања затоа што институцијата со која треба да комуницираат е МНР.

-Не е коректно, не е во ред да одредени меѓународни претставници си даваат слобода да се мешаат директно во процесот изборен, во неговиот резултат, во последици политички со тоа што даваат преку медиумит е оценки. Тоа не е задача на дипломатски претставници и дипломатски мисии. Четирите политички партии  во Македонија прифатија Пржинската спогодба да биде процес и решение за излез од кризата и во тоа учествуваа и претставници на меѓународниот фактор, конкретно на ЕУ и САД и тоа беше одлука која беше донесена од страна на политичките партии и сите учествуваа во тоа решение и сите носат одговорност за спроведување на тоа решение. Клучна карика и политички гледано и од гледна точка од интерес на Македонија е изборите да поминат регуларно и редовно и да се вратиме во институциите за Македонија да напредува, посочува Керим.

Целото интервју на Керим може да го погледнете во видеото во продолжение.