Коалицискиот партнер на Заев најави отворање дебата за химната, грбот и знамето после локалните избори (ВИДЕО)

Зијадин Села, коалицискиот партнер на Зоран Заев во дебатната емисија „Клик Плус“ најави отварање дебата за химната, грбот и знамето после локалните избори закажани за октомври.

„Јас ќе инсистирам, после 100-те дена, да се отвори дебата за химната, за знамето, за грбот. Да, ќе покренеме иницијатива во парламентот за дебата и да се промени! зошто да не!? Што има лошо во тоа? И да се осуди геноцидот од тој период и зошто да не се вклучи и друг период, нема воопшто ништо лошо во тоа“, рече Села.

Села изјави дека ако на наредниот попис имало графа за Бугари, тогаш Албанците ќе биле мнозинство во Македонија.

„Јас кажав дека се знае колку се Албанците, но реално треба да знаеме македонците колку се. Ако им се дозволи, и јас сум за тоа на наредниот попис да може да се регистрираат и бугарите, тогаш албанците ќе бидат мнозинство тука во Македонија. Во моментот кога ќе се дозволи да се регистрираат и бугарите, да има графа за бугарите да се регистрираат, тогаш реално ќе се знае кој, колку е како број тука во Македонија“, рече Села.