Комората ќе ги почитува и промовира 10 принципи за одржлив и одговорен туризам

При посетата на високиот гостин Талеб Рифаи, Генералниот секретар на Светска Туристичка Организација при Обединетите Нации во Македонија, оствари средба со претсавници на Стопанската Комора за Туризам на која средба имаше предвидено Официјално потпишување на Глобалниот етички Кодекс во Туризмот од приватниот сектор.

Претседателот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Лела Крстевска го потпиша Кодексот со кој се вброивме во 40 земји во Светот кој го потпишале овој докумет. Со овој Кодекс приватниот сектор преку Комората се обврзува дека ќе ги почитува и промовира 10 принципи за одржлив и одговорен туризам.

Талеб Рифаи потенцираше дека е многу значајно за Развојот на Туризмот во Република Македонија и потребата на синергија на чинителите во Туризмот искажана преку потпишување на Глобалниот Етички кодекс за Туризмот од приватниот сектор.