Крвав инцидент во влада, оттаму се обидуваат да го сокријат

Крвави траги од канцеларијата до возилото на брзата помош, раздвиженост на обезбедувањето, присуство на Бујар Османи, по професија лекар, сведочат дека во инцидент што се случил во вторникот во зградата на Владата било нападнато лице вработено во Владата, дознава „Инфомакс“ од доверливи извори. Лицето било повредено и пренесно до државна болница со амбулантно возило.

Според порталот, кој пренесува изјави од очевидци, по инцидентот во дворот на владата пристигнало едно амбулантно возило а очигледна била невообичаена раздвиженост на обезбедувањето. Подоцна во дворот на Владата пристигнал и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој по професија е лекар. Османи бил видно потресен и разговал со вработените во брзата помош и со обезбедувањето.

Инцидентот не е заведен во билтенот на МВР, што отвора простор за сомнежи и шпекулации. Порталот пренесува дека и амбулантното возило се движело со огромна брзина, но со згаснати сирени за да не го предизвика вниманието.
По инцидентот генералниот секретар на владата Драги Рашковски до вработените испратил писмо во кое бара меѓусебно да се шпиунираат и во пликоа му доставуваат информации за какви било сомнителни ситуации. Ова писмо беше испратено и до редакцијата на Инфомакс, а од вработените се толкува како уште еден притисок и класичен мобинг.