Кузмановска: СДСМ ја задолжи земјата за нови 76,3 милиони евра

СДСМ енормно ја задолжува државата и денеска ја задолжи Република Македонија за нови 76,3 милиони евра. Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска се задолжија државата за 18,5 милиони евра повеќе од најавеното со електронската аукција, изјави денес Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно во понеделникот беше објавено задолжување за 60 милиони евра.

„Со денешното задолжувања, владата за три ипол месеца ја задолжи државата за нови 246 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 177 милиони евра. Тоа се купно повеќе од 420 милиони евра за само три ипол месеца од владеењето на СДС за кои граѓаните не знаат за што се потрошени“, истакна Кузмановска.

Рече дека цели 420 милиони евра се задолжени пред избори, кои можат да бидат употребени за поткуп на гласови.

„СДС треба да знае дека не смее да си поигрува со парите на граѓаните. СДС мора одговорно да се однесува со средствата кои ги задолжува, зошто секое незаконско работење ќе биде ревидирано по враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, а сите прекршители на законите ќе одговараат. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да внимаваат на дејствијата на владата и да не дозволат злоупотреба на парите на граѓаните во изборен поткуп“, додаде Козмановсак.

Предупреди дека неодговорната економска политика на СДСМ ја води државата кон банкрот и економски крах.

„Владата на СДС, предводена од црната тројка за македонската економија, Заев, Анѓушев и Тевдовски до крајот на годината планираат да спроведат уште 7 аукции, а од аукција до аукција сумата која ја задолжуваат е се поголема. ММФ вчера предупреди дека јавниот долг ќе расте, а буџетскиот дефицит ќе се продлабочи. Република Македонија под водство на СДС забрзано оди кон презадолженост и банкрот, само за да ги задоволат личните апетити на поединци од власта. Економијата полека ја клекнуваат на колена без позитивни изгледи за раст, а фирмите на врхушката на власт се шират и нижат државни тендери. Граѓаните ќе го казнат СДС за ваквото расипништво и неодговорност на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, рече Кузмановска.