Лингвистите со реакција до Заев: Законот за јазиците е неуставен

-По повод Предлог-законот за употреба на јазиците, денес доставивме приговор до Кабинетот на премиерот г. Заев, до Генералниот секретаријат на Владата на РМ и до Собранието на РМ. Се надеваме дека ќе биде уважен и дека овој Предлог-закон ќе биде даден на јавна расправа. Предлог-законот за употреба на јазиците го крши Уставот на РМ и излегува од она што е договорено со Охридскиот рамковен договор. Се надеваме дека Владата нема да ја следи претходната со избрзано донесување закони и дека ќе успее да ги постави вистинските приоритети за што поскоро застанување на здрави нозе на нашата држава за доброто на сите. Во продолжение е текстот од приговорот, се вели во статусот на Маџоска.

Во продолжение на нејзиниот статус, Маџоска во целост го има објавено приговорот кој го поднела.