Македонците на Ситонија засега безбедни

Само едно семејство од Македонија кое било на летување во Торони, на вториот крак Ситонија на Халкидики досега се обратило до Конзулатот во Солун по невремето проследено со дожд.

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека членовите на ова семејство не се наоѓаат во опасна и загрозувачка состојба.

Од МНР исто така соопштија дека нема македонски државјани и меѓу евакуираните туристи од страна на грчките служби во Торони, Порто Куфо и Тристика на вториот крак Ситонија каде дојде до поплавување на паркирани возила по интензивните врнежи. Во Грција поплави има и на други патишта особено на патот Лариса-Кожани.

Во Македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон 00306987200410 на кој во случај на потреба може да се обратат сите македонски државјани, информираат од МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.