Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Катица Јанева

Не би сакал да биде избран Јавен обвинител, како што беа избрани пратеници или како што беа избрани министри коишто го скрнавеа споменикот на АСНОМ, рече во средата Михајло Маневски поранешен министер за правда.

„Секако дека ако се избере Јавен обвинител, треба да биде избран професионалец на кој не треба да се врши никаков притисок. Меѓутоа, гледајќи ја оваа ситуација, очигледно дека ќе биде избран некој Јавен обвинител којшто ќе биде и тој инструмент како што е (специјалната обвинителка) Катица Јанева во рацете на владејачката партија“, изјави Маневски за телевзиијата Канал 5.

Потенцираше дека ВМРО минало низ историјата низ многу потешки периоди, и исто така ќе го помине и овој период.

Според него, сето она што го прават на ова партија со вакви конструирани обвиненија, со вакви предлози за мерки одземање патни исправи, јавување во судот, очигледно дека ќе ја платат цената на сето тоа. Цената според Маневски набрзо ќе ги стигне на наредните локални избори коишто престојат во oктомври.