МФ: Да не се злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели

Со соопштението, според ресорното Министерство,  СДСМ се обидува да влијае на реализација на аукција на државни хартии од вредност која се уште не е започната.

Согласно Законот за јавен долг и максималниот износ за задолжување на домашниот пазар, објавениот календар за аукции, како и согласно понудата и побарувачката на државните хартии од вредност од страна на инвеститорите, Министерството за финансии носи одлука за оптималниот износ. Министерството за финансии води одговорна политика на управување со јавниот долг која не е и не може да биде предмет на дневно политички манипулации, се вели во реакцијата.