МФ: Се манипулира со долгот, реални податоци на нашата веб-страна

Го демантираме и тврдењето кое излезе во некои од медиумите дека Министерството за финансии ја сменило методологијата минатата недела, па затоа има намалување на државниот и јавниот долг. Министерството за финансии направи усогласување на своите со податоците на Државниот завод за статистика, што е редовна постапка која се прави секоја година, а методологијата на Министерството за објава на јавниот долг е усогласена со ММФ и ЕУРОСТАТ.

Наша оценка е, имајќи некои сознанија за позадината на овој бројчаник на јавен долг, како и формите во кои беше претходно објавуван прво како нечиј блог, па како истражување на МАНУ – кое беше повлечено, сега како нечиј сајт – е дека истиот има политичка позадина. Особено е симптоматично времето кога бројчаникот „одлучи“ долгот да надмине 5 милијарди евра.

Уште еднаш посочуваме дека официјалните податоците за јавен долг согласно методологијата утврдена со ММФ и согласно ЕУРОСТАТ се објавени на веб страната на Министерството и Министерството стои зад тие податоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.