Македонија,Политика

Милошоски: Ако СДСМ сакаат да помогнат нека се придржуваат до првомартовскиот договорот

Милошоски: Ако СДСМ сакаат да помогнат нека се придржуваат до првомартовскиот договорот

Ако раководството на опозицискиот Социјалдемократски сојуз навистина сака да помогне во евроинтеграциските процеси на Македонија тогаш треба да се придржуваат до договорот од 1 март, смета пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

„Во однос на изјавата на Шекеринска дека во Брисел биле да побараат поддршка за Македонија – доколку СДСМ сака уште поголема поддршка ќе биде добро тие како партија да се придржуваат до договорот од 1 март и заедно да го преточиме во собраниски деловник, тоа би било коректен чекор“, вели Милошоски.

Тој додава дека средбата на  лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе била добра можност тие да се уверат колку добро го напишал комесарот извештајот за напредокот на Македонија.

Раководството на СДСМ по средбата молчеше за што разговарале со Филе и која била целта на нивната посета. Шекеринска вчера разјасни некој моменти велејќи дека во Брисел заминале за да побараат поголема поддршка за Македонија.

Шекеринска објаснува дека во Брисел не им бил вршен притисок да се вратат во работната група за спроведување на препораките на Истражната комисија за настаните од 24-ти декември.