Милошоски: Да се тргне европското знаменце од Законот за јазиците, тој е неуставен

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше што Предлог Законот за употреба на јазиците без јавна дебата и со европско знаменце, денеска се најде на расправа пред Комисијата за европски прашања.

Пратеникот од најбројната партија во Собранието Антонио Милошоски, побара повлекување на европското знаменце од предложениот закон.

„Расправата на оваа комисија е класична политичка злоупотреба, затоа што предлог законот нема никаква допирна точка со акт на ЕУ, туку е резултат на политички договор“, рече Милошоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ денешната комиска расправа ја оцени како „смоквин лист кој треба да ги покрие неуставноста и недостигот на дебата“. Милошоски побара министерот за правда да објасни, врз основа на која европска директива се расправа за овој закон во Комисијата за европски прашања.

„Не е спорно што предложениот закон е резултат на политички договор, спорно е што тој е неуставен и што се злоупотребува европското знаменце“, рече Милошоски.

Претходно пратеникот Илија Димовски побара за редлог-законот за употреба на јазиците да се расправа прво на матичната комисија за политички систем.

На денешната комисиска расправа присутни се претставници на меѓународната заедница, претставници од американската амбасада во Скопје, од ОБСЕ…