Mилошоски: Постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори на органи на државата

Собранието денеска ја продолжи шестата седница со расправа по предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа дебатата да биде прекината бидејќи од денот на распишување на Локалните избори постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори на органи на државната управа.

Антонио Милошоски напомена дека постои документ од предходната техничка влада во којашто учествувале ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии коишто работеле на оддржување и подготовка на изборите во 2016 година.

 

„Таа Влада имала слични дилеми, поврзана дилема со назначување, разрешување или именување на државни функционери. За да ги расчисти тие дилеми согласно законот, таа Влада заеднички, каде што имало претставници од вашата партија и од СДСМ, и од мојата партија и од други политички партии испратиле неколку прашања и барања за одговор до Државната комисија за спречување на корупцијата. Едно од прашањата било: дали за време на Избори и за после од денот на донесување на одлука за распишување на Избори, што може да разрешува а што може да се именува во државата ? Одговорот бил следен: Од денот на донесување на одлука за распишување на избори до завршување на изборот и на самите избори, постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори на органи на државна управа и други државни институции за коишто владата има надлежност. Освен во случаите каде што Владата има мандат е завршен при што може да се именува вршител на должност“ рече Милошоски

Милошоски напомена дека ако изборот важи за Владата треба да важи и за Собранието.

„Ако некои постапки кои за именување на функционери се поврзани и со владата како предлагачи и со собранието како одлучувач, тогаш и овојпат треба да го имаме и тоа во предвид. И ако ги почитувале министрите на ВМРО и СДС и на ДУИ законите во однос на Изборниот законик за предходните парламентарни избори, треба и ова Собрание да го почитува законот бидејќи веќе се распишани локални избори“, додаде Милошоски.