Минов: Поднесовме измени на Законот за извршување со кој ќе се подобри положбата на должниците во однос на наплатата на долговите од комуналната сфера

Пратеникот од Коалицијата „За подобра Македонија“ Панчо Минов, денес на прес конференција во Собранието на Република Македонија најваи дека поднеле закон за измени и дополнувања на Законот за извршување.

Со овие измени и дополнувања се предвидува во постапките за наплата на комуналните долгови за струја, вода и телефон максималниот износ за законската казнена камата да биде во износ до висината на главниот долг и тоа да важи ретроактивно идносно повратно за сите постапки што се во тек и во иднина.

„Предлагаме измени и дополнувања за Законот за извршување со цел да се решат голем број на проблеми на огромна структура на граѓани која што е сега со постапката на извршување премногу оптоварена со превисоки казнени законски камати. За таа цел, предлагаме оваа законска казнена камата за структурата на должници од комуналната сфера односно за струја, вода, телефон, да се максимализира во највисок износ до висината на главниот долг и тоа да важи повратно за сите постапки што се во тек и во иднина“, најави Минов.

Минов додаде дека со овие законски измени ќе се намалат превисоките трошоци за извршување на должниците за исплата на паричните побарувања по основ на комунални сметки. Односно со овие законски измени ќе се максиминизираат трошоците за извршување да бидат до висината на главниот долг.

„Исто така, цел на овој закон е намалување на превисоките трошоци за извршување кои што за исто оваа категорија на должници за исплата на парични побарувања по основ на комунални сметки е за повеќекратно повисока од главниот долг, предлагаме да се максимализира до висина на главниот долг. Тоа се трошоците за извршување на што ги определуваат извршителите да важи повратно за сите постапки кои што се во тек и за во иднина“, додаде Минов.

Измените предвидуваат вон судската наплата да биде задолжителна и истата да предходи пред присилната наплата на долговите од комуналната сфера односно со овие измени наместо досегашните законски норми кои што предвидуваат присилна наплата на овие долгови ќе се воведе вон судско намирување на долговите, а со тоа ќе се избегнат превисоките трошоци за адвокати, нотари и извршители.