На први април пчеларите мора да направат попис на пчелните семејства

Податоците треба да ги досават до овластеното ветеринарното друштво, а документот да го чуваат најмалку три години од денот на  пописот.

Доколку настанат промени во бројот на кошниците треба да се внесат во Регистарот.

Во електронската база на податоци што ја води Агенцијата за храна и ветеринарство покрај бројноста се внесуваат и информациите за здравствената состојба и за мерките за ограничување на движењето на пчелите.

Регистрираните пчеларници, од ветеринарното друштво добиваат идентификациска табла  која се става на видливо место. Доколку е нечитлива, оштетена или загубена мора да се замени со нова, а трошоците се на товар на пчеларот.