На Спасе Глигоров помила му е директорската фотелја од партиската функција

Иако до моментот на ова соопштение од страна на надлежниот орган сѐ уште не сум повикан да обезбедам и доставам докази за исполнување на условите за именување, а поради тоа што во јавноста непотребно и неправилно се прави обид да се креира слика за некакво незаконско постапување, ја известувам јавноста дека денеска поднесувам оставка на функцијата член на Централниот одбор на СДСМ, а со тоа автоматски ми престанува и функцијата член на Извршниот одбор на СДСМ, се вели во дописот до медиумите од Спасе Глигоров.

Во писмената изјава се додава дека оставката, како формален акт, е доставена до претседателот и генералниот секретар на СДСМ.

Спасе Глигоров, инаку беше предлог на Владата за директор на Агенцијата за администрација, случај кој заедно со другите за коишто СДСМ велат дека се привремени решенија“, беше жестокот критикуван од ВМРО-ДПМНЕ како кршење на законите.

Претходно во четвртокот пратеничката Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека „Спасе Глигоров е предлогот на Владата на СДСМ, а тој водено е и член на Извршниот одбор на СДСМ. Член 16, став од законот за државни службеници е јасен, директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија“.

Поради тоа Глигоров во својата реакција наведува дека „Водејќи се од принципите на владеење на правото и транспарентноста како демократски вредности, а поради тоа што бев јавно прозван дека како предлог на Владата на Република Македонија, сум кандидат за директор на Агенцијата за администрација кој е некомпентентен и противзаконски ќе биде именуван, сакам да ја известам јавноста за следното“ и потврдува дека директорот на Агенцијата за администрација го именува Собранието и оти како и другите треба да го исполнува и условот да не е член на орган на политичка партија.

„Како човек кој 12 години професионално се занимава со постапки и процедури од областа на правото и управување со човечки ресурси, целосно сум запознат со постапката и условите кои во моментот на именувањето треба да ги исполнува директорот на Агенцијата за администрација“, пишува Глигоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.