Нови избори единствен излез од кризата

За три недели е пробиен уставниот рок за формирање влада и за поднесување предлог-програма до Собранието, а се уште е неизвесно дали ќе бидат соберени 61 потпис за опозицискиот лидер Зоран Заев да добие мандат за составување нова влада или, пак, и тој обид ќе пропадне и вниманието ќе се сврти кон барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување нови парламентарни избори заедно со локалните, со што би се ставило крај на политичката криза во земјава.

Од СДСМ очекуваат да ги добијат потписите од партнерите за да може СДСМ да го земе мандатот за состав на владано законот за употребата на лабнскиот јазик се уште останува пречка. Генералниот секретар на партијата по средбатата со работната група на Алијансата на Албанците рече дека со ДУИ сè уште разговараат и најави дека кога ќе имаат генерално затворени прашања или конечни ставови по однос на предлозите, тогаш ќе ја информираат јавноста.

„Сè уште разговараме за приближување и затворање на сите предлози и принципи кои ги имаме во однос на ова прашање“, рече Оливер Спасовски.

И додека партиите се уште дискутираат околу нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик, дел од експертите сметаат дека излез од сегашнава политичка состојба може да има само во нови парламентарни избори.

Со оглед дека барањата на албанските политички партии за употребата на албански јазик, се противуставни и длабоко задираат во унитарниот карактер на државата, аналитичарот Александар Даштевски смета дека со нови избори кои би донеле ново постабилно мнозинство, конечно ќе се стави крај на политичката криза.

„Како што беше посочено од страна на неколку експерти изминаите денови кога се прави Влада се разговара за политички програми, а не за платформи. Така што ова не може да се реши во оваа фаза на преговорите и поради тоа сметам дека единствено решение се нови избори, бидејќи за голем дел од прашањата кои ги поставуваат албанските пратии се потребни уставни промени, пример ако се менува химна, знаме или името,  за тоа мора да постојат уставни промени и референдум… тоа не се работи кои се одлучуваат во Влада и за нив е потребно двотретинско мнозинство.  Но менување на уставот не доаѓа во предвид, тоа веќе го потенцираа и од ВМРО-ДПМНЕ и кажаа дека нема да попуштат по ниедно прашање бидејќи сметат дека се дадени сите права на албанската етничка заедница и дека не треба да се делат етничките заедници според тоа која е поголема, а која помала, туку дека сите треба да ги уживаат сите права“, посочува Даштевски за Нетпрес.

Тој додава дека озицискиот лидер со цел да ги обезбеди потребните 100 000 гласови за да се доближи до ВМРО-ДПМНЕ го покренал прашањето за меѓуетнички односи, со што го отворил патот на албанските партии да излезат со повисоки барања за потребите на оваа етничка зедница во Македонија.

„Од таа причина Заев го покрена ова исклучително чувствително прашање, со кое доби дел од албанските гласови, а купувани се и ромскии турски гласови во внатрешните делови на Македонија и тоа го направи тесниот резултат на последните избори. Кога веќе Заев го покрена тоа прашање, сега Албанците се во состојба да постават уште повисоки стандарди за остварување на некои нивни права кои не се предвидени дури ни со меѓународните стандарди. Зијадин Села веќе изјави дека сега е време за тоа и тоа значи дека нема да се повлечат од тие барања. Бидејќи во овој момент нема решение и барањата се премногу максималистички и необјективни и неизводливи, сметам дека единствено решение се предвремени парламентарни избори. Колку повеќе се одолговлекува тоа, толку повеќе ќе трае кризата“, потенцира универзитетскиот професор.

Со оглед на тоа што предвремени избори не можат да се одржат во рок пократок од шест месеци од последните избори, според аналитичарот Даштевски, истите најрано би можеле да се одржат во јуни, но смета дека најобјективен рок за одржување на таквите избори, со оглед на тоа што се уште не се ни разговара за тоа, би бил септември или октомври

„На тие избори очекувам дека ќе се избере едно ново постабилно мнозинство, бидејќи граѓаните веќе ја сфатија играта која се играше пред овие избори за обезбедување на албански гласачи на дозволен или недозволен начиин, а очекувам и дека полицијата ќе си ја изврши својата работа во рамките на законот, бидејќи знаеме дека се делеа пари и други работи  на терен, а никој не превземаше ништо. Доколку следните избори се спорведат на фер и демократски начин, или како што милуваат од запад да кажат, кредибилни и веродостојни избори ќе се направи добра разлика за да може да се формира нова Влада, која ќе биде стабилна и ќе ги реши меѓуетничките прашања преку разговор. Сметам дека барањата се предимензионираа, како една снежна топка која ќе започне да симнува од планината таа се повеќе се зголемува и станува огрома, така и овие барања станаа огромни и за нив не може да се разговара, може само да се оди на нови избори“, вели тој.

Сепак, како што дополнува Даштевски, дали ќе се одржат предвремени избори ќе треба да одлучат најмалку 61 пратеник. Според него ДУИ чека да провери што ќе прифати СДСМ и дури тогаш да почнат преговори за нови прдвремени параламентарни избори.

„Откако нема да постигант дговор СДСМ и ДУИ, а се поочигледно е дека тоа нема да се случи ќе се дојде до една заедничка одлука за организирање на нови избори, на кои сметам дека СДСМ ќе ги изгуби албанските гласови што ги доби, затоа што гледаме деновиве како пратеникот Мухамед Зекири се заканува дека доколку СДСМ не ги прифати условите на албанските партии од платфромата, ќе ги напушти социјалдемократите и ќе премие во редовите на движењето Беса. Па така СДСМ може да изгуби најамлку еден а можеби и два пратеника, бидејќи имаат една пратеничка Албанка од Тетово која веќе најави дека во паралементот ќе ги застапува албанските интереси. Тоа е реалната ситуација во која од ден на ден е се појасно дека ќе доведе до нови предвремени избори, но не се знае кога ќе бидат одржани, дали на почетокот на летото или на есента“, заклучува Даштевски во изјавата дадена за Нетпрес.

Од ТМРО сметаат пак дека кризата во Македонија е најмалку политичка, според нив се поочигледно е дека земјава се соочува со сериозна меѓуетничка криза. Оттаму велат и дека албанските партии воопшто не ги интересира состав на никаква влада, освен уривање на унитарноста на државата.

„Сеалбанската платформа е отворено против унитарниот карактер на македонската држава, ги негира обележјата кои го изразуваат националниот македонски карактер и со уцена сака да изврши искривување на историската вистина, сакајќи на балистичките злосторници кои ја опустошија западна Македонија, македонскиот народ да им се извини. Јасно е дека албанските партии со овие провокации,воопшто не ги интересира состав на никаква влада, освен уривање на унитарноста на државата, а настаните недвосмислено упатуваат на меѓуетничка криза, во која Македонците треба да покажат национално единство за зачувување на виталните македонски интереси на македонската држава“,  смета претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

Познавачите со став дека само со нови избори може да се стабилизира полотичката состојба и постепено земјава да се насочи кон решавање на економските и социјалните проблеми на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.