Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на животната средина

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Додовски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е најдобро организиран политички субјект кој дава решенија и предлози за решавање на проблемите на граѓаните.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години изработило голем број на проекти за заштита на животната средина. За него еден од најважните е проектот за спас на Дојранското езеро. Овој проблем не бил само еколошки туку и економски и социјален. Проектот не само што еколошки го спаси езерото, туку и целиот регион со зголемување на бројот на туристи и придонесе за развој на целиот регион додаде тој. Одличен пример за развојот кој е постигнат во регионот е цената на стамбениот простор во дојранскиот регион која вртоглаво пораснала. На пример една куќа пред овој проект во Дојран чинела од 3 до 5 илјади евра сега чини над 30 илјади евра.
Според Додовски, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не запрела тука. Тој ги спомена и пречистителните станици во Охридско-преспанскиот регион како и во Скопје и Струмица за заштита на водните резервоари. Истакна дека проектот за гасификација значително ќе го намали загадувањето во цела Македонија како и субвенционирањето за греење на пелети и субвенции за електрични автомобили. Спомена дека и Град Скопје во иднина планира да набави автобуси кои ќе работат на електрична енергија.

Додовски апелираше до новата власт да не ги запре проектите кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ од областа на екологијата и најави дека иако партијата е во опозиција нема да престане да дава идеи за нови проекти за добро на граѓаните.

Перо Петковски советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа вистинската причина зошто во Општина Струга не се решава проблемот со депонијата.

Тој истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии.

Проблемот постои веќе десет години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник додаде Петковски.

Според него проблемот општината одбива да го реши поради бизнисот кој општината го прави со сопстевниците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.

Петковски додаде дека граѓаните од општината бараат бизнисот да го остави на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите кои благодарение на лошото работење на локалната власт секоја година ги има се помалку. Во иднина спорет Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.
Екологијата не е веќе тренд, туку стана и потреба, еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој, кажа Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здрава животна средина“, организирана по повод роденденот на партијата.

„Екологијата не е само тренд туку е и потреба и една свера која што во иднина ќе биде целиот економски развој на едно општество или држава како Македонија, базиран баш во делот на економијата. Еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој. Отпадот, менаџирањето на отпадот, менаџментот на целиот тој еколошки процес станува бизнис и тоа многу профитабилен бизнис“, изјави Делев

Рече и дека западните земји се повеќе работат околу отпадот и неговиот менаџмент, кој станува главен генератор на приходи.

„ВМРО-ДПМНЕ подолго време размислува на овој сегмент, имаме направено неколку проекти, како проекти кои треба да се развијат, така и проекти кои веќе ги реализиравме и многу проекти кои беа дел од нашата изборна програма. Неколку само ќе напоменам. Проектите кои требаше да се направат во делот на екологијата во Македонија, беа долги, тешки, но и многу скапи. За такви проекти требаше доста време и средства, бидејќи не секогаш имавме такво искуство околу менаџирањето или подоцна имлементирањето со такви проекти“, потенцираше Делев.

Напомена да имаат мини и макро-проекти, кои придонесуваат во оваа сфера. Како еден од најголемите проекти го спомена гасификацијата во Република Македонија, проект кој според неговите зборови бил многу значаен.

!Тоа е најзначајниот проект во Република Македонија, не многу визибилен, бидејќи станува збор за една огромна подземна инфраструтура, но многу значајна и многу скапа. Првично требаше да ги најдеме кои се тие алтернативни рути, каде што можеме да го прибавиме гасот. Ние одлучивме тој да го базираме на западните компании и дистрибутери. Во фаза на градба е главниот гасовод кој треба да донесе евтин гас од другите земји, проект кој ќе помогне да го намалиме загадувањето“, појасни Делев.

Кажа дека има и многу други мерки, кои влијаат на енергетската ефикасност. Тој ги спомена и мерките како што беше помошта за набавување пелети, како и субвенцијата за менување на дрвените прозорци.

„Сега некако сум загрижен, бидејќи сите тие активности на еден начин застанаа и како такви според мене тие треба да продолжат, бидејќи тие се добри мерки, конкретни и ќе придонесат граѓаните да имаат почист воздух. Тие се долгорочни мерки, кои ние ги почнавме и некој треба да ги продолжи. Тие треба да бидат прифатени од новата влада, бидејќи за тие мерки користени се западни консултанти и технологии. Убаво е ова да се продолжи, но на терен не е така. Сведоци сме што се се случи во Струга и во Тетово. Една депонија да не може да се изгаси, го покажува капацитетот на локалната самоуправа и новата владеачка гарнитура“, предупреди Делев.
„Со горењето на ѓубрето на таа депонија последиците се многу сериозни. Значи при горењето на тие отпадни материи се ослободуваат различни хемиски супстанци, во облик на пареа или ситни честички и тука преовладува ослободувањето на јагленомоноксид , јаглероден диоксид, диоксини и пареи од тешки метали, најмногу од олово, жива и арсен. Овие субстанци го зафаќаат местото на кислородот во тој процес на дистрибуција и транспорт на гасови во организмот и која се штета може да ја направи на одредени органи и органски системи“, рече лекарот Андон Чибишев.