Покрената иницијатива за референдум за продолжување на породилното отсуство

Граѓанската инцијатива „450 Породилно(Пеленска револуција) организира референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашните 9 месеци(за едно дете) и 15 (за повеќе деца), на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат.

Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се на породилно отсуство. Право на потпишување за ова рефендумско прашање имаат сите граѓани на РМ над 18 години кои имаат право на гласање и би сакале да ја подржат оваа иницијатива.

Референдумот ќе започне на 20 септември, а потписите ќе се соберат во период од 17 дена, од 20.09. до 07.10.2017 година во канцелариите на ДИК во сите градови низ државата. На граѓанската иницијатива „450 Породилно(Пеленска револуција)која се организираше на социјалните мрежи и брои над 11 000 членови,потребни и се 10 000 потписи.

„Потпишувањето ќе се врши со лична карта или валидна патна исправа во општините каде живеете. Ве молиме за подршка на оваа граѓанска иницијатива со која мајките ќе остварат платен одмор поради бременост, раѓање и родителство во времетраење од 18месеци“, изјави Ивана Краљевска, активистка.