Полицијата со полн плен од домот на началникот на СДСМ од СВР Куманово

Полицијата го нашла тоа што го барала во домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, дознава Press24 од полициски извори.

Според нашите неофицијални информации полицијата во неговиот дом дошла со налог за претрес најверојатно под сомнение за можни изборни нерегуларности. Од МВР нема официјални информации за случајот. Во деновите пред изборите медиумите објавија дека во Куманово се врши поткуп на гласачи со огревно дрво. Дали овој случај е поврзан со тој или станува збор за коинциденција нема информации. Величковиќ во изјава која изгледаше како говор на партиски митинг, призна дека му била одземена документација но не откри детали.

Претходно и началникот на СВР Струмица, исто така од СДСМ беше споменуван во случај со изборни нерегуларности откако ослободил лице кое претходно полицијата го проведе за наводен поткуп на гласачи.