Попоски: Ќе се посветиме на проекти од инфраструктурата и економски развој

Претстојните избори се можност да се вратиме на она што е најзначајно за граѓаните, изјави за ТВ Нова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски на презентацијата на изборната програма на партијата.

Ова е период во кој можеме да се посветиме повторно на тоа што ВМРО-ДПМНЕ најдобро го прави, проекти во делот на инфраструктурата, економски развој, носење на странски инвестиции, поквалитетна животна средина, поквалитетно опкружување. Се разбира дека во духот на она што најдобро го работиме, повторно ќе се потрудиме да ја побараме поддршката на граѓаните за реализација на ваков тип на проекти, рече Попоски.

Целосниот разговор погледнете го во продолжение.