Првпат во Македонија со анализирање цел ген кај пациенти одреден ризик од потенцијални болести

ген

Ова денеска го истакна Горан Кунгуловски од компанијата Био инжинеринг Доо, кој е раководител на лабораторијата. Посочи дека целата постапка чини 2.800 евра.

Тој на прес-конференција во болницата истакна дека првпат е направено секвенционирање на целосен човечки геном во Македонија и на Балканот. Нагласи дека не анализирале само геноми, туку и егзоми (дел од геномот кој е медицински најрелевантен и опфаќа само далови од гените кои кодираат за протеини).

Секвенционирањето целосни геноми и егзоми е првиот чекор кон еден нов пристап во медицината кој се вика персонализирана медицина. За разлика од стандардната медицина која е реактивна, овој пристап е проактивен, односно однапред се откриваат потенцијалните ризици за развивање болести, рече Кунгуловски.

Иван Кунгуловски, управител и сопственик на компанијата, рече дека нивна интенција е во наредните неколку години да почнат проекти што ќе се викаат „1000 македонски геноми“ и „Геном за секое новородено бебе“, со што, како што истакна, персонализираната медицина ќе стане достапна за сите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.