Македонија

„Рејтинг“ демантира дека пред изборите му доставил податоци на СДСМ

„Рејтинг“ демантира дека пред изборите му доставил податоци на СДСМ

Агенцијата „Рејтинг“ ги демантира податоците обајвени во медиумите, дека само неколку дена пред изборите, „Рејтинг“ на СДСМ му доставувал податоци кои укажуваат на голем пораз на Пендарвоски, додека во јавноста објавил нешто сосема друго.

„Анкетата која ја објавуваат овие медиуми е изработена во декември 2013 односно речиси пет месеци пред изборите. Во тоа време, по барање на нарачател кој не е СДСМ, беа тестирани потенцијалните личности за кандидати за претседател на двете најголеми политички партии“, се вели во демантот.