Ристовски: Наместо нови решенија во образованието што ги ветуваше СДСМ, гледаме антиреформи

Би сакал да верувам дека ова денеска е една несреќна изјава, а јас би рекол и скандалозна и изненадувачка, а на моменти и разочарувачка, сепак станува збор за министер за образование кој само неколку дена е на својата функција и само по неколку дена јас ја разбирам потребата од излегување и пијар настап, изјави поранешниот заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на телевизија Алфа.

Меѓутоа, додаде Ристовски, во текот на изминативе четири-пет дена не слушнавме ништо од министерката што ќе понуди исподобрување на образованието, како мерки кои нејзината партија ги најавуваше. Напротив ние пет дена слушаме мерки за за укинување и антиреформи.

„Исклучително сум разочаран од изјавата на министерката поради тоа што станува збор за еден значаен проект кој се спроведе во Македонија, во прв ред во областа на проучување на математиката и природните науки. Тоа се двете науки во кои Македонија со години наназад покажува континуитет на намалување на квалитетот и од таа причина ние се одлучивме на ваква соработка со универзитетот Кембриџ. За нас е поразително што СДСМ сѐ уште не е излезен од филмот дека е опозициона партија. Сега е одговорноста кај нив, сиве овие антиреформски чекори кои имаат директно влијание врз учениците на еден начин ќе нанесат штета на генерации и генерации ученици“, потенцираше Ристовски.

 

Истакна и дека верува дека ова е несреќна изјава на новата министерка и дека таа ќе се консултира со сите нејзини советници и дека нема да се движи по она што се нивни размислувања додека беа во опозиција.