„Санос“ нема направено извоз на автобуси

Фирмата „Санос“ која има само тројца вработени, нема направено извос на автобусите, како што кажа Зоран Заев. Ова го потврдија од Царина, при што на целиот случај му се додава сомнеж за голем криминал со перење на пари со поврат на ДДВ. На потег сега е Јавното обвинителство, кое треба да отвори истрага за овие сомнежи за криминал, пишува „Курир

Заев пред два месеци беше во посета на фабриката и изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар. Информација која беше демантирана од Царината.

-За мене е големо задоволство да бидам присутен денес овде на еден ваков настан, кога еден наш домашен производ излегува надвор освојувајќи странски пазари, а претставувајќи го квалитетот на нашата домашна работничка рака и на нашето домашно производство, изјави Заев тогаш.

Премиерот тогаш и кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се’ уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

-Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија, кажа Заев при посетата на „Санос“.

 

Во фабриката има само тројца вработени, а нема ни опрема за правење на нови автобуси. Сето ова говори за можен тежок криминал во кој се вмешани високи владини функционери.

 

Во 2003/2004 година оваа фабрика ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.