СДС и Заев станаа репер како не треба да се води една држава

СДС и Зоран Заев за изминатите три ипол месеци, станаа репер како не треба да се управува и води една држава, истакна на денешната прес-конференција Андон Чибишев од ВМРОД-ПМНЕ.

-Владата на СДС нема никакви конкретни мерки за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот. Оваа нееколошки ориентирана влада темата за загадувањето ја користи за дневно политички маркетинг без суштинско делување. За 120 дена влада има спроведено нула мерки за заштита на животната средина и презентира само декларативни заложби од кој никој нема фајде. За СДС и Заев во изминатиот период додека се на власт поважни беа бизнис зделките и личното богатење на партиските функционери, отколку здравјето на граѓаните кое беше загрозено од дивите депонии кои непрестано гореа во Тетово и Струга, истакна Чибишев.

Тој потенцираше дека за СДС и Заев поважно беше да се потрошат огромна сума на народни пари за луксузирање и шетање низ светот, отколку да одделат скромни финансиски средства од буџетот и да им помогнат на граѓаните погодени од поплавите и земјотресите.

-Наместо да се зафатат со работа и со решавање со загадувањето во градовите, наместо да се зафатат со локализирање шумските пожари кои непрестано дивееја и каде изгореа над 100-хектари шума, тие организираа протест за здрава животна средина, каде и нивни функционери се сликаа за медиумите. СДС со програмата „План за живот“ ветуваше подобар и поквалитетен живот за сите, но за жал не реализира ништо од ветеното. „План за живот“ на СДС наместо просперитет и подобар живот, на граѓаните им донесе стагнација и хаос и затоа СДС на локалните избори убедливо ќе биде поразен, вели Чибишев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.