Македонија

Спиро Ристовски останува во МОН, ќе биде заменик-министер

Спиро Ристовски останува во МОН, ќе биде заменик-министер

Спиро Ристовски во новиот владин состав ќе биде заменик-министер за образование и наука, дознава Сител телевизија.Тој досега ја извршуваше функцијата на министер во истото министерство.

Груевски бил исклучително задоволен од работата на Ристовски, па затоа одлучи да го остави во МОН, објави Сител.

Ристовски стапи на функцијата министер за образование и наука на 29 мај 2013 година. Од 2011-ра до 2013-та година беше министер за труд и социјална политика, а претходно и заменик министер во МТСП.