Според Караџовски судиите ќе можат да ја извршуваат функцијата и без имунитет

Првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, изјави во средата дека смета оди судиите на коишто им беше одзмен имунитетот ќе може да ја извршуваат својата функција и без тоа, според уставното начело во кое се вели дека за искажано мислење и донесување на судска одлука судијата не може да биде повикан на одговорност.

Караџовски истакна дека судиите имаат право и натаму да ја извршуваат судиската функција. Додаде дека се работи за предмет во кој сe’ уште не е оценет обвинителниот акт.

Судскиот совет пред две седмици донесе одлука за одземање на имунитетот на петмина судии.

Неофицијално, судиите се осомничени за злоупотреба на службената положба во предметот
„Титаник 2′ на Специјално јавно обвинителство. Овој предмет обвинителството го отвори во февруари оваа година, а се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Советот на денешната седница која беше затворена за јавност, донесе одлука од понеделник
работното време на судовите да биде од 07,30 до 15,30.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.