Сто дена непотизам

Трибина „Отворено со правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ“ вечерва се одржа во партиското седиште, каде говорници беа Игор Божиновски, Невенка Стаменковска и Деанчо Ефтимов каде што се зборуваше за непотизмот на Владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Апсолутно дека има непотизам во работењето на СДСМ во овие изминати 100 дена, впрочем граѓаните на Република Македонија се сведоци како во овие 100 дена спротивно на законот и сите правни процедури Владата на СДСМ поставува партиски послушници, самопрогласени револуционери, а разрешува и отпушта од работа докажани професионалци во тие институциите, изјави Божиновски.

-СДСМ треба да знае дека целокупното незаконско работење се следи од ВМРО-ДПМНЕ и истото тоа ќе биде соодветно санкционирано. Драги Рашковски генералниот секретар на Владата е класичен поим на непотизам. Рашковски преку Владата на СДСМ им дели државни функции на членовите на своето потесно семејство претворајќи ја државата во приватна фирма на семејството Рашковски. Меѓу првите случаи на непотизам на оваа Влада беше назначувањето на претседателот на второстепената комисија за жалби, таму беше назначена Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска. Рашковски со самото доаѓање во огледало покажа дека е лик во Зоран Заев и тој го овласти својот кум Дејан Костиќ и неговата адвокатска компанија во име на Владата да разрешува и именува управни одбори и да прави кадровски решенија, свикување на седници и најблаго кажано да сее став во сите институции, вели Божиновски.

Тој потенцираше дека Рашковски го плаќа својот кум од парите на граѓаните.

Стаменковска: Кумот на Рашковски е директор и член на Управен одбор во исто време

Невенка Стаменковска, пак,  истакна дека генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, го назначил својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски за директор на Бирото за јавни набавки.

-И тоа најверојатно беше малку, па покрај директор на Бирото за јавни набавки, како што напоменав, со несоодветно стручно образование, потребно во делот на јавните набавки, истиот овој човек, кум на Рашковски стана и член на Управен одбор на Агенцијата за странски инвестии, промоција на извозот на Република Македонија. Сосема спротивно од сите можни закони во Република Македонија. Член на Управен одбор и директор во исто време, се две државни функции кои се неспоиви во вршењето на истите, истакна Стаменковска, додавајќи дека сигурно постои уште некој случај во кој Рашковски има инволвирано член на неговата фамилија.

Посочи дека тоа сигурно е пандан на работењето на неговиот претпоставен, односно премирот Зоран Заев.

Ефтимов: Зоран Заев направи пресликување на локалната во централна власт

Сите знаеме што се случува овие 12 години кога на чело беше токму лидерот на СДС Зоран Заев кој што всушност направи пресликување на локалната во централната власт и тие додека ја водеа кампањата и дојдоа на власт се залагаа дека ќе воспостават систем на правна држава, меѓутоа граѓаните на овој регион воопшто тоа не можат да го почувствуваат, истакна Деанчо Ефтимов на денешната отворена дебата на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако знаеме дека изминатиов период беа обелоденети низа на неправилности и злоупотреба на позициите и јавните функции кои што ги водат тргнувајќи од кланот Заеви кои што во изминатите 10 години направи милионски суми, во времето кога тие го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека живеат во режим и истите тие на сметка на самата општина и на целиот овој регион се богатеа. Затоа сакам да потенцирам дека не станува збор за непотизам кои што допрва доаѓа, овде станува збор за нешто посуштинско што се провлекува од главата на СДС кои што ги пресликува сите политики кои што ги водеше во изминатиот период сега ги пренесуваат на централно ниво каде што има повеќе средства, потенцираше Ефтимов.

Тој додава дека непотизмот во Владата потекнува  токму од Зоран Заев и неговите афери што ги имаше во јавноста.