Сугаревски ја блокираше изградбата на водоснабдителниот систем за Гевгелија

Министерот за транспорт и врски од редовите на СДСМ, Горан Сугаревски, ја блокираше изградбата на водоснабдителниот систем, финансиран и одобрен од Светската банка, а ревидиран од овластен ревизор на ЕУ од Романија, со што гевгеличани ќе останат без квалително водоснабдување.

Сугаревски одлучи да ја блокира изградбата на новиот водоснабдителен систем во Општина Гевгелија, проект чија инвестициона вредност е 1.712.602 евра поради, како што објаснува „битни пропусти и недостатоци“.

Несфатливо е за какви пропусти се работи, кога тендерската документација е подготвена и одобрена од страна на Европската инвестициона банка, доделувачот на грантот, а објавена од страна на Министерството за транспорт и врски.

Оваа негова одлука е донесена само еден ден по посетата на ревизорот од Романија, претставник на ЕУ, при што беше констатирано дека изградбата на новиот водоснабдителен систем се одвива според планот, изјави гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.