Танески: Со албанската платформа Заев го враќа долгот кон странските партнери

Докторот на безбедносни науки, два месеца по почетокот на објавување на бомбите, исто така, предупреди дека „Заев ќе стане заложник на своите „пријатели од надвор“ и најави: „ако еден ден овој човек дојде на власт, поголем дел од својата работа ќе мора да го посвети на странските разузнавачки служби, на кои ќе им должи големи услуги“.

Веднаш по објавувањето на првите нелегални прислушувани разговори од страна на Зоран Заев, за кои од објавена видеоснимка слушнавме како самиот признава дека ги добил од странска служба, Ве прашав: „Ако Заев сега како опозиционер има тесна соработка со странски елементи, како ќе работи некогаш кога ќе дојде на власт?“ Вие тогаш ми одговоривте: „Ако еден ден овој човек дојде на власт, ќе мора да го исплати долгот“. Кажете ми што треба Заев да им испорача на странските разузнавачки служби откако ќе дојде на власт?

Јас тука не би можел да шпекулирам кој е договорот меѓу нив. Но тоа што е очигледно е веќе покажаната сервилност на Заев. Дали доколку формира влада од него ќе се бара брза промена на името, или разрешување на сите отворени прашања со соседните држави-членки на ЕУ, односно НАТО, тоа можам само да го претпоставувам од тоа што е јавно кажано. Знаете, нашите соседи Албанија, Бугарија и Грција, со нивното членство во воено-политичкиот блок на западноевропските држави се во позиција преку примена на сила (во случајов вето) да си ги остваруваат своите национални интереси. Свесни се дека ова е многу поволен момент. Европа никогаш не била позаинтересирана Македонија да ја има под свое, а за соседите да ги одблокираат интеграциските процеси на Македонија бараат исполнување на нивните услови. Оттука секој си бара начин како да го оствари својот интерес, кој секогаш завршува врз грбот на најслабиот, во случајов Македонија. Тоа што оди в прилог на ова тврдење е усвојувањето на најавената Резолуција со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година. Со оваа Резолуција, всушност, ниту ќе бидат унапредени правата на Албанците, ниту ќе се подобри нивниот живот во Македонија, а ќе ги нарушиме односите со Србија. Не би сакал да навлегувам подлабоко во елаборирање на ова прашање зашто тоа ќе нѐ врати на Букурешкиот договор и ќе отвори многу други прашања, но, сепак, ќе нагласам дека ако се донесе таа резолуција, Македонија сама ќе си ги скрати алтернативите, односно можностите во меѓународните односи, а можно е таа Резолуција да има и егзистенцијално влијание врз Македонија. Но,постојат и прашањата поврзани со Резолуцијата на кои треба да ви го одговорот правниците, како се утврдува геноцид, кој е надлежен, кога воопшто почнува да се употребува како термин и од кога претставува кривично дело за меѓународното право. Ова не е мој домен и јас не би навлегувал во ова прашање подлабоко, но, за споредба, тоа е слично како да донесеме резолуција за осуда на компјутерски криминал во 18 век.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.