Тарчуловски на средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски вчера оствари средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Јохан на својот ФБ профил напиша:

-Голема почит и огромно Благодарам за поддршката која ми ја дава понежниот пол, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Јохан Тарчуловски е кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката од граѓаните ќе ја бара на 15 откомври за време на локалните избори.