Тркалезна маса „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати“

Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија за надминување на ваквите состојби и разгледување опции за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати, укажува Комората.

На тркалезната маса се најавени обраќања на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески,  извршниот директор на „ОКТА“ ад Скопје, Јанис  Героуланос, како и  на претседателите на Здружението на енергетиката и на Македонската транспортна асоцијација, Ристо Јаневски и Иван Петровски.