Уште еден од „шарените“ стана директор

Замир Мехмети, еден од погласните учесници на „Шарената револуција“ и брат на Ермира Мехмети од ДУИ, доби директорска функција во Македонски телеком, по примерот на неговите „соборци“ кои по смената на власта експресно седнаа во владини фотелји.

Ако досега некому не му беше јасно дека зад насилните протести не стоеше никаква одбрана на демократија и човекови права, веројатно сега сликата е искристализирана.

Партиските вработувања и вдомувањето на цел граѓански сектор во државни сектори, наиде на остра критика од јавноста, па дури и од поддржувчи на владејачката СДСМ, која ги користеше „шарените“ во уривањето на претходната власт.

Дека за новите вработувања за „заслужните“ не се почитуват никакви процедури и критериуми е очигедно, а се чини дека новата власт и не се грижи ни најмалку јавно да ги образложи и барем малку оправда своите постапки.

Во биографијата за новиот директор во „Телеком“, Мехмети,  стои дека дипломирал на Правниот факултет и звршил висока школа за новинарство на МИМ.

Но, на јавноста и се познати и други приказни од животот на братот на Ермира. Медиумите во 2003 година пишуваа како неговата сестра, користејќи го своето политичко влијание, му поправала единици во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ каде што Замир учел.

 

 

Владата вчера доставила предлог до Македонски телеком за разрешување на актуелните членови на одборот на директори и назначување нови членови.

Разрешени се Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев, а на нивно место се предложени Горан Трајановски, за главен оперативен директор на друштвото, Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши, кој треба да биде реизбран.